еМагазин
Image default
Локално

Охриѓанец наседнал на измама преку Фејсбук: Наместо да добие наследство изгубил 4.500 евра

Жител на Охрид е жртва на измама преку социјалните мрежи и во обид да се стекне со фиктивно наследство изгубил 4.500 евра.

Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

Преку порака што ја добил од профил на социјалната мрежа бил известен дека е добитник на наследство, за чие остварување му било побарано да стапи во контакт со адвокат од Франција.

Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за на негова трансакциска сметка биде префрлено фиктивното наследство.

Оштетениот 53-годишен охриѓанец во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца крадци фатени на дело во куќа во Куманово

Редакција

Прекината свадба во струмичко со околу 300 гости во време на пандемија, следуваат кривични пријави

Редакција

Во пожар во Скопје изгореа „Хонда Акорд“ и „Опел Астра“

Редакција