еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Убиство и обид за самоубиство во Струга: Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка

Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба.

„Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите.

Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга,“ изјави Димоски.

Брачниот пар имал и малолетни деца. Полицијата работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убиениот Орхан Бајрами Оки престојувал во апартман во Ханиоти кој чини 600 евра на ден, заедно со уште четири лица

Редакција

Четиригодишно дете прегазено од трактор

Редакција

„Одма се чуствува дека имаме Антикорупциска“: Твитер за тоа дека баџанакот на Џафери ќе ја „проверува“ Мира Дизел

Редакција