еМагазин
Image default
Македонија

Граѓаните од штипскиот и струмичкиот регион ќе се вакцинираат во салата „Јордан Мијалков“ во Штип

Во спортската сала „Јордан Мијалков“ во штипската населба Сењак денеска се поставуваат 25 вакцинални пунктови, а во кои ќе се имунизира населението од штипскиот и струмичкиот регион.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов вели дека во организацијата се вклучени Здравствениот дом во Штип, Клиничката болница, волонтери на Црвен Крст, како и вработени во штипските јавни претпријатија.

-Ќе се работи во две смени, од понеделник до сабота, а ќе бидат ангажирани 50 медицински сестри, 10 лекари, 16 административци, волонтери на Црвен Крст.

Според времето за вакцинирање на еден граѓанини, дневно се очекува во салата да се имунизираат од 1.500 до 1.800 граѓани, вели Николов.

Што се однесува со недостигот на здравствен персонал, кој не може да се покрие од страна на Здравствениот дом и Клиничка болница-Штип, што се и регионални центри за лекување на пациентите болни од Ковид-19, тоа ќе се реши и со ангажирање на здравствен персонал од здравствените домови и болници од двата региони.

Вработените во штипските јавни претпријатија ќе обезбедат паркинг места, со што граѓаните кои ќе доаѓаат во салата да имаат безбеден и комтен пристап.

Планирано е и да се постават патокази низ штипските улици, кои ќе го информираат населението во кој правец да се движат за да пристигнат до спортската сала.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев не се сретнал со американскиот амбасадор во Грција на Халкидики

Редакција

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист

Редакција

Нов оглас за избор на обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Редакција