еМагазин
Image default
Балкан

Индискиот сој на коронавирусот пристигна во Грција

Прв случај на видот Β.1.617, односно мутација на Kовид-19 што преовладува во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за коронавирусот, но не била потребна хоспитализација.

Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство.

Според Националната организација за јавно здравје, конкретниот вид има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R.

Сепак, објаснуваат дека откриениот вид во Грција „не ја носи мутацијата E484Q, што се карактеризира како мутација која го избегнува имунолошкиот систем“, а досегашните податоци од анализите, „сугерираат дека видот B.1.617 без мутација E484Q потекнува од САД, поконкретно од Калифорнија“.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.754 нови случаи на Ковид-19 со што бројот на заразени се зголеми на 329.134, а починаа 76 лица, односно 9.864 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватска ги отвори границите

Редакција

Ексклузивно: Состојбата на 16-годишно момче кое полицијата го застрела во глава поради неплатена сметка за бензин останува критична, еМагазин на лице место

Редакција

Бојко Борисов во самоизолација откако имал контакт со заразен од Ковид-19

Редакција