еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Се сечат дрва во парковите за да се обезбеди гориво за масовно кремирање: Рекордна смртност од Ковид-19 во Њу Делхи

Поради огромниот број починати пациенти од Ковид-19 во Њу Делхи, локалните власти наредија да се сечат дрва во парковите со цел да се обезбеди гориво за масовно кремирање.

Во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбуланти возила чекаат на ред за да ги пренесат мртвите до крематориуми, а на гробиштата нема слободни места за погреб.

Коронавирусот во Индија се шири со рекордна брзина, болниците се без резерви на медицински кислород, ги молат добавувачите за помош, а луѓето на улица жалат за своите најблиски кои починале чекајќи да бидат примени во болниците, јавуваат светските медиуми.

Преполните гробишта и крематориумите се застрашувачки симбол на сегашната криза, но и показател дека здравствениот систем во Индија се распаѓа. Во болниците се почесто се случува еден кревет да го делат двајца, а понекогаш и тројца пациенти со Ковид-19.

Во трката со времето, властите се обидуваат да набават дополнителни кревети, респиратори и резерви медицински кислород.

МИА/Фото: Photo by Fusion Medical Animation on Unsplash/видео:The Sun

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Треба да потпишат нови со Северна Македонија: Неуставни се свечените изјави на штипските советници

Редакција

Кој сака да ја купи клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Состанок на лидерите од Процесот Брдо-Бриони утре во Скопје

Редакција