еМагазин
Балкан

Словенечко МНР: Фантомскиот нон-пејпер за Западен Балкан не постои

Словенечкиот министер за надворешни работи, Анже Логар изјави денеска дека не постои „фантомскиот нон-пејпер“ за Западен Балкан, кој некои медиуми и го препишуваат на Словенија, додавајќи дека расправите околу наводниот документ им наштетиле на Словенија и на Босна и Херцеговина, објави агенцијата СТА.

Тој на седницата на парламентарната Комисија за надворешна политика нагласил дека стратегијата на Словенија кон Западен Балкан не е променета и дека земјата вложила дополнителни напори, имајќи предвид дека подготовката за самитот ЕУ-Западен Балкан е главен приоритет на претстојното словенечко претседавање со Унијата.

– Никој не очекува дека опозициските политичари ќе ја оцрнат својата земја, само за на некаков начин да и наштетат на државата. Тоа едноставно не постои во развиениот демократски менталитет, истакна Логар.

Неговата изјава е дадена на заедничката седница одржана по барање на опозицијата, по медиумските наводи дека словенечкиот премиер Јанез Јанша пуштил во јавност „нон-пејпер“ со стратегија за прекројување на границите по етнички линии на Балканот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија: Целосно се урна потпорниот ѕид на коридорот 10 кон Македонија

Редакција

Турција ќе ја пушти Шведска во НАТО ако САД овозможи продажба на авиони Ф-16 на Анкара, вели Ердоган

Редакција

Во Косово, маслото за јадење чини 3,50 евра за литар

Редакција