Комисијата за односи со верските заедници информира дека годинава на 1 мај кога се празнува Велика Сабота и во Македонија во вечерните часови ќе пристигне Светиот благодатен оган на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски на Меѓународниот аеродром во Атина, ќе го превземе Светиот благодатен оган од страна на грчката државно-црковна делегација која ќе го донесе од Ерусалим, каде речиси два милениуми се симнува во пладневните часови во Христовиот гроб во црквата на Христовото Воскресение на Велика Сабота.
„По пристигнувањето Светиот оган на Меѓународниот аеродром во Скопје ќе биде пречекан и преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата.
Директорот на Комисијата Сотировски по доаѓањето светиот оган ќе му го предаде на Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во резиденцијалниот манастир Св. Георгиј Победоносец во Скопје,“ информираат од Комисијата.
Од таму апелираат за задолжително придржување до мерките за заштита од корона вирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.
Фото: Фејсбук/Бигорски