еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден мотоциклист откако со „јамаха“ удрил во две паркирани возила

На 30.04.2021 во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Никола Киров Мајски“, мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(40) од Скопје, удрил во две паркирани патнички возила „сеат алтеа“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното сопственост на Д.Ѓ.(35) од Скопје, а другото сопственост на Г.С.(42) од Скопје, информира МВР.

„Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За секое новороденче во Старо Нагоричане, 6.000 денари

Редакција

Почувствуван земјотрес во Струмица

Редакција

Во тепачка меѓу две семејства во Струмица убиено 22-годишно момче

Редакција