Индија соопшти дека има нов црн рекорд во дневниот број на жртви од пандемијата на коронавирусот.
Индија пријави речиси 4.000 смртни случаи од коронавирусот и повеќе од 412.000 нови случаи во последните 24 часа, според официјалните податоци на здравствените власти на земјата.
Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 230.168 луѓе, а регистрираните позитивни случаи досега се над 21 милион.
МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.