еМагазин
Image default
Македонија

На следното рочиште за „Меѓународен сојуз“ ќе сведочи Стефан Богоев, а сведоци ќе бидат и Заев, Царовска, Кирацовски…

Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува на 19 мај откако на денешното рочиште беа изведени материјални докази предложени од одбраната.

За следното рочиште одбраната треба да ги обезбеди останатите предложени писмени докази, а ќе бидат повикани и сведоците Нина Старделова, Стефан Богоев и Наташа Петровска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Во однос на предложените докази од одбраната Судот, на почетокот на денешното рочиште соопшти дека ќе ја провери околноста каде се наоѓа одземениот мобилен од Бојан Јовановски и дали во МВР е зачувана форензичка копија од податоците од телефонот и ќе побара да бидат доставени до судот.

Судот, исто така, го прифати предлогот на одбраната како сведоци на некое од следните рочишта да бидат повикани и сослушани и Зоран Заев, Александар Кирацовски, Мила Царовска, Горан Сугаревски и Сефер Цановски.

Обвинителството, на почетокот реагираше во однос на предложените докази и побара од Судот, да не се изведуваат материјални докази кои веќе биле изведени.

Одбраната, пак укажа дека тие бараат да биде изведена целосната содржина на договорите, за кои претходно реагирале дека биле прочитани само насловите.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

Како правно лице обвинета е и невладината организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со изведување на докази продолжи судењето за „Меѓународен сојуз“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Чулев: Ги бараме одговорните за „Јавна соба“ преку „Телеграм“ во Лондон, објавени 800 фотографии и видеа

Редакција

Спасовски: Избори мора да има

Редакција

Убава вест: Оздравени 9 нови пациенти од Ковид-19, вкупно 1.387

Редакција