еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Во октомври ќе се одржи вонреден Самит за проширување на ЕУ

За време на словенечкото претседателство со Европската унија, во втората половина на годината, ќе се одржи вонреден Самит посветен на Западен Балкан, односно за проширување на Унијата со земјите од регионот, соопштија премиерите на Грција и Словенија Кирјакос Мицотакис и Јанез Јанша по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека уште од Самитот во Солун во 2003 година, Грција, „како најстара членка на Унијата во поширокиот регион, е протагонист во обидите за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан“.

– Сигурен сум дека претседателството на Словенија на ова динамика ќе ѝ даде уште една нова брзина и затоа многу ми е драго што е потврдено одржувањето на вонреден Самит за Западен Балкан, во октомври во Словенија, рече Мицотакис.

Словенечкиот премиер истакна дека Европската Унија треба да го одржи ветувањето дадено во Солун во 2003 година.

Објасни дека треба да се сторат две работи: да се задржи динамиката, иако постојат знаци на замор во целиот процеси и второ да се исполни во пракса и да се заврши процесот, истакнувајќи дека главен приорите за ЕУ треба да биде проширувањето „за да може да се создаде слободна и мирна Европа“.

– Словенија смета дека проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан е врвен приоритет за нашето претседателство. Како што кажа и господинот Мицотакис, имаме за цел да организираме вонредна конференција меѓу земјите од Западен Балкан и земјите- членки на Европската Унија.

Оваа конференција ќе се одржи во Словенија во октомври и му благодарам на премиерот што ми даде некои многу убави идеи за тоа како можеме да се справиме со ова прашање, со цел да им дадеме европска перспектива на овие земји и една вистинска цел, која се надеваме дека ќе биде исполнета порано од предвидувањата дадени пред една година, рече Јанша.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Есад Рахиќ нов директор на затворот во Шутка

Редакција

Фондацијата Сорос најавува повлекување од ЕУ и фокусирање на Западен Балкан

Редакција

Убава вест: 606 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција