еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Идентитетот и јазикот не може да бидат предмет на преговори

Владата смета дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелноста од страна на ЕУ може да има последици за целиот регион. Двете земји треба да одат заедно низ целиот процес на интеграција на Западен Балкан и да се помагаат, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој истакна дека друга алтернатива освен европската иднина за Северна Македонија и за Западен Балкан не постои и оти аспирација на нашата земја е да стане членка во ЕУ.

Но, како што рече, македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смеат да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел.

Северна Македонија, нагласи Арсовски, единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

-Премиерот Заев на средбите во Брисел беше јасен. Идентитетот и јазикот не смеат во ниту еден случај да бидат предмет на преговори. Државата ги спроведе сите реформи, нивната имплементација е тргната преку процесот за европските стандарди дома, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот на преговори за членство.

Македонија како никој досега заслужува да биде членка на ЕУ, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Според него, доказ за тоа е и што Северна Македонија има покажано европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и во односите со самата Унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првите два дена од пописот, попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови

Редакција

Захариева: Бугарија не е во состојба да ја одобри преговарчката рамката во оваа форма

Редакција

Отфрлена пријавата од Ременски за злоупотреба на службата и несовесно работење во МВР

Редакција