еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Од утре лекување и бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора

Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се разболат од Ковид-19 за време на нивниот престој во Црна Гора и им биде потребна хоспитализација.

Министерството од денеска ги ублажи мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови мерки, со кои се укинува забраната за меѓуградски сообраќај во деновите за викенд и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час, односно дозволено ќе биде од 19 до 22 часот, објавија локалните медиуми.

МИА/Фото: Photo by John Vincent on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре дожд и снег, од понеделник температури до 19 степени

Редакција

(Вознемирувачко видео) Морничави сцени од Сао Паоло во Бразил, новото жариште на корона вирусот во светот

Редакција

Поголеми плати од 2.000 до 3.000 денари за вработените во јавните здравствени установи

Редакција