еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски

Постапувајќи во предметот против четири лица за набавка на софтвер и работи за потребите на софтверот, од прибраниот доказен материјал произлезе дека тројца од веќе осомничените лица сториле уште две кривични дела за што надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе нова Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашковски во затворот во Шутка изолиран од Мијалков и Камчев

Рашковски склучил и други набавки во сомнителни постапки

“Првоосомничениот се товари дека во периодот од 2017-2019 година при спроведување на постапка за јавна набавка потпомогнат од останатите двајца осомничени ја злоупотребил службената положба и овластување.

Исто така, првоосомничениот со умисла помогнат од второосомничениот во периодот од 2019 – 2021 година за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ со што двајцата сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.2 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, во периодот од 2017-2019 година, првоосомничениот, како службено лице при спроведување на постапка за јавна набавка искористувајќи исти прилики, со умисла извршил две временски поврзани дејствија со помош на останатите двајца осомничени.

Со преземените дејствија спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, за економски оператор прибавиле корист – право да учествува во постапка за јавна набавка и да склучи договор за истата на износ од 6.455.816 денари со вклучен 18% ДДВ.

Воедно, без да се испочитуваат одредбите од Законот за јавни набавки, во втората половина на 2017 година, без спроведена постапка за јавна набавка, првоосомничениот извршил плаќање по разни основи на правно лице сопственост на третоосомничениот во вкупен износ од 168.100 денари или 2.720 евра.

Со дејствијата е нанесена штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 6.623.916 денари.

Во временскиот период од месец мај 2019 година до месец февруари.2021 година, првоосомничениот го искористил службеното овластување и со умисла помогнат од второосомничениот склучиле два авторски договори за кои на месечно ниво на второосомничениот му бил исплаќан нето износ од 80.000 денари.

Согласно претходен договор меѓу двајцата осомничени, паричните средства биле делени во сооднос 5:3 во корист на второосомничениот, со што првоосомничениот за себе прибавил противправна имотна корист во поголем износ од вкупно 590.000 денари.

Заедно со Наредбата, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје, достави и Предлог за продолжување на претходно определените мерки спрема осомничените“, велат од Обвинителството.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зекири: Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

„Џезтет“, концерт на Георги Шарески во Јавна соба

Редакција

Собранието ќе ја донесе одлуката дали ќе отпочнеме преговори со ЕУ, вели Ковачевски

Редакција