Членовите на Одборот на директори на Дебарски бањи-Цапа АД Дебар поради ситуацијата во која се наоѓаше Друштвото поради пандемијата со Ковид-19 со цел да се задржат сите вработени на работните места, иако со месеци не се работеше, самоволно со изјава ги ставија во мирување примањата по основ на месечен паушал за неизвршните членови на Одборот, како и менаџерските договори за извршните директори, заклучно со месец март 2020 година, стои во годишниот извештај на Друштвото, објавен преку Македонската берза.
Нивните примања за 2020 година се.
Меџит Цапа – председател на Одборот на директори, пензионер без примања од месец март 2020 година (за 01 и 02.2020 година примања по 70.000 денари, награда) како неизвршен член на Одборот на директори.
Албиона Риза – извршен директор, 70.919 денари нето плата и (само месец 01 и 02.2020 година, 166.050 денари, според менаџерскиот договор од месец март нема примања по основ менаџерски договор).
Трим Ќемали – заменик извршен директор, 68.681 денари (само месец 01 и 02.2020 година 166.050 денари, според менаџерски договор од месец март нема примања по основ менаџерски договор).
Шпреза Цапа – неизвршен член на Одборот на директори, пензионер без примања од месец март 2020 година (за 01 и 02.2020 година примања по 70.000 денари, награда) како неизвршен член на Одборот на дирекори.
Бјонда Баланца – неизвршен член на Одборот на директори 30.136 денари нето плата, без примања од месец март 2020 година (за 01 и 02.2020 година примања по 6.000 денари, награда) како неизвршен член на Одборот на директори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дебарски бањи – Цапа“ во загуба поради пандемијата од Ковид-19
„Дебарски бањи-Цапа“ со загуба од 28,9 милиони денари за шест месеци