еМагазин
Image default
Македонија

45,7% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 395.776 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

“На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 216.453 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 9.974 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.221 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.

Со последните бројки 45,7% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДОМ избра ново раководство коe ќе ја води партијата до локалните избори

Редакција

Роднини на настраданите во несреќата кај Ласкарци се сомневаат дека судењето се одолговлекува

Редакција

Царовска, Димитров и Шекеринска побарале апанажа, на Хоџа веќе му е одобрена

Редакција