22 лица во Македонија починале, а 664 за заразиле со Ковид-19 и покрај тоа што примиле вакцина, објави телевизијата Алфа.
Податоците се на Министерството за здравство од каде информираат дека од вкупно починатите, 17 се разболеле во првите 14 дена по примена прва доза од вакцината.
„Од вкупниот број на заразени после вакцинација, 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината.
Од вкупниот број на починати лица (22), 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината“, информираат за Алфа од Министерството за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ