еМагазин
Image default
Македонија

Отворен пункт за масовна имунизација и во Прилеп

Од 10 часот денеска е отворен пунктот за масовна имунизација во спортската сала на медицинското училиште во Прилеп. Прилепчанката Драга Маркоска беше првата што се вакцинираше и веднаш порача – вакцинацијата ни е спасот од невидливиот непријател.

– Се чувствувам добро. Ова е потребно и им порачувам на сите што побрзо да се вакцинираат зашто ова ни е единствен спас од болеста, од корона-вирусот, рече  Маркоска.

Според Кети Смилеска, директорка на градската болница со општа надлежност, првите два дена ќе се вакцинираат по 500 граѓани, а можноста е до 1.000 на 15-те пункта, во зависност од добиените термини.

– Добивме 1.000 вакцини на „АстраЗенека“. Првите два дена ќе се вакцинираат по 100 повозрасни граѓани зашто е хумано и наша обврска е прво да се вакцинираат ранливите категории.

Денеска пунктот ќе работи од 10 до 16, а од утре од 8 до 20 часот.  Можноста е да се вакцинираат по околу 1.000 граѓани дневно, затоа е битно граѓаните да се пријавуваат, ќе добиајт порака за терминот и ние сме тука за да се вакцинираат, вели Смилеска.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација.

– Секој термин ќе биде проследен за пунктот за вакцинација и уверен сум дека наредните два до три месеца сите пријавнеи ќе се имунизираат. Тоа е единствениот спас да излеземе од пандемијата, рече Јованоски.

Пунктот што функционираше во здравствениот дом за повозрасните граѓани е затворен и сите ќе се вакцинираат на пунктот отворен денеска, во спортската сала на прилепското медицинско училиште.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кафулињата и рестораните да работат со скратено работно време до 18 часот, побара Филипче

Редакција

Германскиот Бундестаг утре и официјално со зелено светло за преговорите

Редакција

57% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција