еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Вино чувано на дното на Охридското Езеро кај Трпејца, нова атракција за туристите

Вино разладено на идеална температура, сместено на дваесеттина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Тоа е новата атракција што ќе биде на понуда за туристите во Охрид од оваа летна сезона.

Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат такво искуство да се проба на Охридското Езеро.

Нуркачи од Клубот за подводни дејности од Охрид ја поставија специјалната метална корпа за сместување на виното во водите на Езерото недалеку од брегот кај селото Трпејца.

Внатре ќе бидат поставени 250 шишиња вино на „Далвина“, што ќе се послужуваат по желба на гостите во ресторан во Трпејца.

Зоран Тунтев, ескперт по туризам и иницијатор на повеќе проекти за промоција на туристичката понуда, вели дека замислата е да се заинтригира вниманието на гостите со некоја посебна понуда, притоа посочувајќи дека таквото вино послужено во топлите летни денови поседува особен шмек.

МИА/Фото/видео: ohridnews.com/А. Момироска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Награда од 540 илјади денари за Борислав Трповски за неговиот ангажман во Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција

Потребна е сериозна државна поддршка за справување со енергетското цунами, велат од Сојуз на стопански комори

Редакција

Претседателката на Антикорупциска, Ивановска: Состојбата со корупцијата е сериозна

Редакција