еМагазин
Image default
Македонија

Исказот на „Нинџа” e дискредитиран и не може да му се верува, смета адвокатот на одбраната во случајот за „организатори на 27 април“

Одбраната на обвинетите во случајот „организатори на 27 април” на следното рочиште, кој е предвидено за дополнување на доказната постапка, главно ќе презентира материјални докази, најави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека материјалните докази ќе бидат во насока да се докаже каква функција имале и извршувале клиентите кои ги застапуваат.

– Тоа се потврди за тоа дали биле во партија на какви било функции, односно она што произлезе од исказот на сведоците да го потврдиме и со материјални докази, изјави адвокатот Миланов.

Воедно, тој оцени дека исказот на Александар Василевски – Нинџа „се менува по потреба“ за фаза на постапка, дел од постапка и за која постапка се однесува. Според него, тој исказ е дискредитиран до таква граница што „не би можело и не би смеело да се поклони верба на истиот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „организаторите на 27 април“: Јанакиески бара полиграф за него и Нинџа

Поранешниот министер Ристовски на судењето за „организаторите на 27 април„: Исказот на Александар Василевски – Нинџа е невистинит

Поранешниот директор на УБК, Атанасовски на судењето за „организаторите на 27 април“: Не разбирам за што сум обвинет

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот европратеник им пиша европратениците поради македонската Резолуција

Редакција

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани, досега трета доза примиле 27.298 граѓани

Редакција

Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски

Редакција