еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемени трошоците во градежништвото

Во првиот квартал годинава во споредба со четвртото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2,4 проценти, трошоците за материјали за 4,6 проценти, додека трошоците за вработените се пониски за 1,7 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,1 процент, трошоците за материјали за 4,5 проценти, а трошоците за вработените за 6,5 проценти.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок трансакција продадени акции од Скопски пазар за два милиони денари

Редакција

Тендер вреден осум милиони евра: ЕСМ ќе ангажира помошна механизација од „Теиком“ и „Синпекс“

Редакција

Македонски Телеком со зголемени приходи и раст во интернет и ТВ сегментот во првите шест месеци од 2020 година

Редакција