еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

УНЕСКО повторно со препорака Охридскиот регион да се стави на Листата на светско наследство во опасност

Охридскиот регион ги исполнува условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност, се вели во заклучокот на извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО.

Во извештајот се забележува дека уривањето на дивоградбите во регионот се одвива многу бавно, додека за мораториумот на градба констатираат дека, бил така направен што оставал голем број исклучоци од забраната.

„Мораториумот на сите урбани трансформации и промени на брегот кој беше препорачан во 2017 година беше воспоставен во август 2019 година, по двегодишно одложување, од општините Охрид, Струга и Дебрца во Северна Македонија.

Но, одлуките на општините вклучуваат неколку исклучоци за бројни градежни активности, и со тоа се губи смислата на мерката,“ се вели во извештајот.

Од таму потенцираат дека: „евидентно е дека подрачјето е многу ранливо порaди значителни проблеми со менаџментот и лоша имплементација на законите.“

„Ова доведе до несоодветни интервенции, негативни ефекти на урбаното планирање и предлози за големи проекти, кои резултираа со сериозно нарушување на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж, што пак предизвикува подрачјето да ги исполни условите за запишување на Листата на светско наследство во опасност“, стои меѓудругото во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Редакција

По неуспешната понуда за преземање од Комерцијална, Стопанска банка Битола тргната од Листата за набљудување на Берзата

Редакција

Русковска: Се радувам што Мијалков сам се пријави, ќе размислиме дали ќе бараме затворски притвор

Редакција