еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наскоро ќе добиеме дигитален здравствен сертификат преку апликацијата „CommonPass“

Mрежата „CommonTrust“ и Светски економски форум, во рамки на проектот „The Commons Project“ ja создадоа апликацијата „CommonPass“, со цел воспоставување на интероперабилна платформа за взаемно признавање на вакциналните потврди и лабораториските тестови за Ковид-19 меѓу државите, информираат од Министерството за здравство. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да ја симнете CommonPass дигитална верифицирана потврда, која ќе ви треба за патување

„Министерството за здравство како поддржувач на развојот на технолошки решенија базирани на меѓународни стандарди, се приклучува кон мрежата „CommonTrust” за издавање на дигитални здравствени сертификати преку новата апликација „CоmmonPass“.

Со овој чекор, Министерството цени дека на македонските граѓани ќе им се зголемат можностите за добивање на дигитален здравствен сертификат во согласност со глобалниот стандард „Smart Health Card“.

Тоа за граѓаните ќе значи дека тие ќе може да го документираат Ковид-19 статусот со цел да може да патуваат во други земји и да одговорат на барањата на граничните премини на други држави, истовремено штитејќи ја нивната приватност.

Со „CоmmonPass“ на едноставен начин може да ги преземат резултатите од направениот Ковид-19 тест и вакцинална потврда, и да го покажат здравствениот статус на влез во друга држава без да откриваат други лични здравствени информации.

За таа цел, во знак на поддршка, Министерството за здравство ќе ги информира сите релевантни структури кои се директно или индиректно инволвирани во областа (Институт за јавно здравје и сертифицирани државни и приватни лаборатории) за намената на оваа апликација и можностите кои таа ги нуди.

Воедно, Министерството за здравство ги охрабрува сите заинтересирани институции, установи и лаборатории, директно да контактираат со мрежата „CommonTrust“ со цел приклучување на базата на акредитирани и сертифицирани установи – партнери на „CommonPass“ кои ќе можат да издаваат потврди од тестови со QR код, кој потоа граѓаните ќе го скенираат во своите мобилни телефони со цел креирање на дигитална потврда.

На овој начин, установите и лабораториите ќе можат за корисниците на апликацијата да издадат потврди кои ќе бидат признаени како вистински, релевантни и доверливи на интернационално ниво,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека Министерството за здравство ја поздравува иницијативата за примена на апликацијата „CommonPass“ во нашата земја.

„Со воведувањето на ваква апликација, на македонските граѓани им се овозможува флексибилност во изборот на провајдерот и начинот на кој ќе добијат бесплатна дигитална потврда за нивниот статус на имунизација и за резултатите од направените Ковид-19 тестови.

Сите заинтересирани кои сакаат да се вклучат во мрежата на  „CommonTrust” ќе имаат техничка и административна поддршка на апликацијата на македонскиот пазар.

Започната е комуникацијата со акредитирани установи кои се заинтересирани да се приклучат кон оваа иницијатива,“ се потенцира во соопштението.

Воедно, ги упатуваме сите заинтересирани граѓани да прочитаат повеќе информации за самата апликација на страницата commonpass.mk.

Фото: Photo by Markus Winkler on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За членовите на Одборот на директори на Трготекстил малопродажба лани потрошени 900 илјади денари

Редакција

Од 800 тестирани деца во училиштата само 8 позитивни на Ковид-19

Редакција

(Фото) Дебар како на филм: Поради превенција од корона вирусот дезинфекција на јавни површини, канти за отпад и спортски терени

Редакција