еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокираат крстосници во Скопје и други градови секој ден, се додека Владата не го објави „Патоказот“ за кој разговара со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ од утре ќе блокираат сообраќајници низ Скопје и другите градови, најавија денеска од партијата. Тие се одлучиле на овој чекор за, како што велат, да ја принудат Владата да соопшти што преговарa со Бугарија.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат детали што пишува во “Патоказот“ за кој преговара владиниот специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски.

Во ВМРО-ДПМНЕ постоел сомнеж дека во процесот на преговори, на маса биле ставени прашања кои се однесуваат на идентитетот, јазикот, историјата и културата.

Најавените протести ќе стартуваат во 15 часот и ќе траат до 17 часот.

Утре во Скопје ќе бидат блокирани крстосниците пред Мавровка, пред Собранието и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Барањата од Декларацијата на бугарскиот Парламент ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ, тврди Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Редакција

Кои се новите 19 државни правобранители

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на општина Гостивар за набавка на масло за греење

Редакција