еМагазин
Image default
Македонија

Нема потреба од протести, подготвен сум да реферирам пред пратениците, вели министерот Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку својот Фејсбук профил упати јавна порака до претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика заеднички да го утврдат првиот слободен термин на кој ќе реферира пред пратениците.

-Еве и јавна порака до претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија: да го утврдиме заеднички првиот слободен термин на кој ќе реферирам за сите актуелности од доменот на надворешната политика пред пратениците, воедно, паралелно да договориме и термин на Комисијата, на кој избраните амбасадори ќе ги презентираат тезите, со што ќе го ослободиме и процесот за нивно упатување во испразнетите амбасади.

Нема потреба од протести, јас отсекогаш сум бил подготвен и да ги претставам состојбите пред опозицијата, и да реферирам во Парламентот пред пратениците, напиша Османи.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците во Бугарија правата да си ги бараат во Стразбур, вметнувањето на Бугарите во Уставот не е мешање во внатрешните работи, вели Заев

Редакција

Денеска средба на Ковачевски со Мицкоски за францускиот предлог

Редакција

Вакцинирање во Врање: Македонската асоцијација на новинари обезбеди “АстраЗенека“ вакцини за 100 медиумски работници

Редакција