еМагазин
Image default
Македонија

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализиран еден нов пациент

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

“Вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Еден пациент е примен во ковид центарот во ГОБ 8 Септември.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден немало приеми.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 2 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 22 пациенти.

Вкупно 37 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 37 заболени од Ковид-19 од 484 тестирања, во Скопје деветмина

Редакција

Нови 356 случаи на Ковид-19 од 1.906 тестирања

Редакција

Лекари утврдија дека Боки 13 може да го следи судењето за „Рекет“, боледува од гастритис, а не од канцер

Редакција