еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Софиски Врховен суд: Каракачанов ги дискриминира Ромите во Бугарија

Поранешниот бугарски министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов имал дискриминациски однос кон Ромите во Бугарија, се наведува во одлуката на софискиот Врховен администрациски суд, соопшти бугарскиот Хелсиншки комитет денеска, пренесува Радио Слободна Европа.

Станува збор за неколку јавни коментари на Каракачанов дадени на телевизија во 2019 година за инцидент во пловдиско село во кој двајца Роми нападнеле маж, по што биле приведени. Каракачанов тогаш ги нападна Ромите и кажа дека трпението на бугарското општество е при крај.

Решението на судот е спротивно од претходните одлуки на Комисијата за заштита од дискриминација и на Административниот суд кои не утврдија дискриминација во изјавите на Каракачанов, пишува РСЕ.

Со решението на Врховниот суд случајот се враќа повторно во Комисијата за заштита од дискриминација, која би требало да одреди глоба за Каракачанов.

Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу во Тетово: Нови 39 случаи на Ковид-19 од 3.839 тестирања

Редакција

Уставниот суд од средина на јануари со пет судии, Кацарска апелира да се изберат нови

Редакција

29-годишниот Александар Гаврилоски е 61 жртва од пожарот во Кочани

Редакција