еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев не е оптимист дека до 22 јуни ќе има решение со Бугарија

Премиерот Зоран Заев не е оптимист дека до 22 јуни може да се дојде до решение со Бугарија, а со тоа и до одблокирање на процесот за почнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ, пред се поради тоа што таму во моментов има техничка Влада. Тој најави дека најверојатно в четврток во Бугарија ќе има уште една средба со претседателот Румен Радев.

Нема зијан, рече премиерот, доколку со бугарската страна заклучиме некаков договор кој потоа би бил верификуван од следната политичка Влада во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не сме далеку од решение со Бугарија, вели Заев во интервју за МИА

– Верувам дека во четврток ќе можеме да навлеземе детално во тие разговори. Она кое што морам да го кажам, имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема Парламент. Но, не е невозможно да се реши.

Зошто го кажувам ова. Да не ги дигнам очекувањата на сите заради тоа што реалноста е дека во Бугарија на 11 јули имаат избори. Но, истовремено имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се.

И нема зијан ако направиме дури и успех и заклучиме од прилика договор којшто би бил верификуван од следна политичка влада и од Парламентот, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, значајно е што нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

– Тоа не е прашање на разговори. Зборуваме за динамиката во месеци, во полугодија, во години или во континуитет на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта.

Зборуваме за интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, но секако зборуваме и за креативниот дел на португалското претседателство којшто го даде како предлог за да може конечно пријателска Бугарија да ни даде пас односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција преку усвојувањето на преговарачката рамка, истакна премиерот.

Тој рече дека и вчерашната средба со бугарскиот претседател Румен Радев била многу важна, како продлжение на средбата што тој ја имал со претседателот Стево Пендаровски.

Она што е важно, нагласи тој, е преку разговор точно да ги утврдиме водењето на грижа за важните работи и за Северна Македонија и за Бугарија преку предлогот од португалското претседателство.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу во Тетово: Нови 39 случаи на Ковид-19 од 3.839 тестирања

Редакција

Александар Даштевски е предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија

Редакција

Изборот на новата Владата во сабота

Редакција