еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Од денеска за Србија бесплатно“: Што пишуваат српските медиуми за укинување на патарината

Ретко кој медиум во Србија од утрово ја нема пренесено веста за денешното укинување на патарината за српските граѓани кои патуваат низ Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

„Од денеска за Србија бесплатно“, пишува Блиц, „Убава вест за граѓаните на Србија – Северна Македонија ја укина патарината“, пишува Вечерње новости, „Во знак на благодарност за вакцините – укината патарината“, пишува Ало, „Новитет на граничниот премин за возачите од Србија“, пишува Мондо, а повеќето медиуми како РТС, РТВ, Политика, Дневник, Неделник, Нова.Рс, одеа со насловот „Од денеска бесплатна патарина за граѓаните на Србија во Северна Македонија“.

Во текстовите се наведува дека: „Полициските службеници на преминот Табановце ќе дистрибуираат картички на сите српски граѓани до 15 август, во согласност со одлуката на Владата на Северна Македонија за ослободување на патарина од 15 јуни до 15 август, во знак на благодарност до Србија за донирање вакцини против коронавирус“, како и дека „МВР во Скопје веќе добило 65.000 картички од јавното претпријатие за државни патишта во Македонија“.

Српските граѓани кои денеска заминаа во Грција и на други дестинации преку социјалните мрежи сведочат дека оваа одлука започнала да се спроведува и дека не ја платиле патарината, соопшти „Блиц“.

– Картите за чекирање не чекаа од 5 часот наутро и подоцна на патот немаше никакви проблеми, наведуваат срспките туристи на социјалните мрежи.

Македонското Министерство за внатрешни работи им соопштило на српските медиуми дека дистрибуцијата на картичките започнало на полноќ и оти секое возило со српски регистарски ознаки што се движи по Коридорот-10, ќе добие картичка за патарина, како што е предвидено со одлуката на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србите од денеска ќе добиваат електронски картички за бесплатни патарини низ Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стентон градба“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за изградба на нова управна зграда вреден 708.000 евра

Редакција

Можеме да собереме: На Луна ѝ недостасуваат 10.000 евра за операција

Редакција

Нови 518 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција