еМагазин
Image default
Македонија

Заев-Радев: Посетата е значаен исчекор во дијалогот помеѓу двете држави

Јасната европска перспектива на Македонија е од големо значење за Бугарија и нејзиното конкретно остварување е во прилог на заедничката иднина на двете земји во ЕУ.
Ова, како што соопшти владината прес-служба, било истакнато на средбата на премиерот Зоран Заев со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија. На средбата присустуваа и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
На средбата било истакнато дека посетата на делегацијата на Владата на Македонија на Бугарија на највисоко ниво, е од исклучителна важност и доаѓа во момент кога силната динамика на контактите и дијалогот е од огромна важност за односите меѓу двете земји.

Премиерот Заев на средбата истакнал дека градењето на пријателството меѓу братските народи на двете земји е обврска на лидерите кои пред себе треба да ја имаат перспективата на младите.

Самата денешна посета на владината делегација на Македонија во Софија може да се смета како значаен исчекор кој ќе ги поттикне идните чекори за решенија за отворените прашања на кои двете страни ќе посветат сериозно внимание, се наведува во соопштението.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кабиентот на Радев информира дека во фокусот на разговорите на средбата било продлабочувањето на билатералниот дијалог и изгледите за реален напредок во процесот на европска интеграција на Македонија.

Радев истакнал дека за Бугарија, Македонија е најважната блиска пријателска земја.

– Затоа ни требаат редовни контакти, дијалог и соработка. За жал, во последниве години овие односи стигнаа до ќорсокак, дијалогот е замрзнат и тоа влијаеше на вашите изгледи за влез во ЕУ, нагласил Радев.

Според него, Договорот за соработка во 2017 година нема специфични обврзувачки услови и рокови, а тоа овозможило „варијабилни одлуки и активности“.

Румен Радев на средбата упатил и благодарост на претседателот Стево Пендаровски за заедничката посета на Рим.

– Нашата заедничка посета на Рим ја демонстрира нашата заедничка волја и претставува сигнал до сите наши граѓани за соработка, пријателство и разбирање, потенцира Радев.

Според Радев, властите во Софија и во Скопје се должни да им обезбедат заедничка европска иднина на своите народи.

– За нас е многу важно да имаме дијалог и ви честитам на фактот што сте тука за отворен, конструктивен дијалог, додаде Радев, најавувајќи дека Бугарија ќе донира 50.000 вакцини за  Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог кој сериозно и сеопфатно ќе го разгледаме, рече бугарскиот премиер Јанев

Заев верува дека може да се најде решение, со бугарскиот колега Јанев разговарале и за португалскиот предлог

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 3.300: Починаа 20 лица од Ковид-19

Редакција

Денеска нова средба Заев и Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Редакција

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Редакција