еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Нов инцидент на албанските плажи: Запалени лежалки кај популарното туристичко место Дерми

Само еден ден по убиството во Велипоја, поради поделба на плажа, во Албанија има нов инцидент.

Имено, на плажа во Дримаде кај Дерми, синоќа биле запалени 60 лежалки, јавуваат албанските медиуми.

Според првичните информации на полицијата, пожарот бил подметнат поради сомневање дека станува збор за конфликт помеѓу сопствениците на барови на плажа, околу користењето на плажите во оваа област.

Вчера, албанскиот претседател Илир Мета, побара итно расветлување на случајот со убиството, наведувајќи во неговата реакција дека ваквите настани ќе бидат погубни за албанскиот туризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица убиени и двајца ранети во престрелка во Албанија, поради поделба на плажа на приморјето

Плажите не заслужуваат да личат на бојните полиња од Дивиот Запад, вели албанскиот претседател Мета

Видео: Euronews Albania/Фото: Photo by Jani Godari on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.498 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција

Заев: Нема докази дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција

Винодонија 2024 денеска и утре во Мериот

Редакција