еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани на Кипар ќе може да патуваат со негативен ПЦР-тест или ако се вакцинирани

Од третата, црвената зона, Северна Македонија од 8 јули 2021 година ќе биде преместена во втората категорија, односно на портокаловата листа земји за патување на Кипар и неопходен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Согласно одлуките на кипарската Влада, земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика: зелена, портокалова, црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а државите кои не се во некоја од овие листи се во сивата зона.

Во првата (зелена) категорија „земји со ниска опасност“ се 31 држава и за нив не се предвидени никакви рестрикции, не е потребен тест, ниту самоизолација.

За земјите од втората (портокаловата) категорија задолжителна е потврда за негативен молекуларен тест направен 72 часа пред патувањето и заедно со Северна Македонија, се и Португалија, Ирска, Летонија, Шведска, Холандија, Андора, Кина, САД, Јапонија, Србија, Канада, Саудиска Арабија, Либан, Јужна Кореа, Катар, Косово и Азербејџан.

Во третата (црвената) категорија земји со „зголемена опасност во споредба со другите две категории“, вклучени се 19 држави, задолжителен е негативен ПЦР тест 72 часа пред поаѓањето и уште еден при пристигнувањето на Кипар, а во оваа листа, до четврток е и Северна Македонија.

Во однос на вакцинираните посетители, како што пренесува МИА, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите – членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Но, и да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон) или со Спутник В или Синофарм.

Туристите, како што е веќе пракса од лани, пред да го посетат Кипар, задолжително е 48 часа пред патувањето, да го пополнат CyprusFlightPass, односно онлајн формуларот достапен на cyprusflightpass.gov.cy.

Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека категоризацијата на земји, заснована врз процената на епидемиолошкиот ризик, е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат.

МИА/Фото: Photo by Miriam Eh on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието доби „заштитена соба“ за поголем надзор над безбедносните служби

Редакција

Ал џезира затворена во Израел

Редакција

(Видео) Бидете подготвени за зимски услови и поплави

Редакција