еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Трошоците на живот во јуни поголеми за 2,7 отсто, а цените на мало за четири

Трошоците на животот во јуни годинава, во однос на јуни лани, бележат зголемување од 2.7 отсто, а цените на мало порасначле за 4.0 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во јуни во однос на мај се повисоки за 0.5, а цените на мало за 0.9 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.6 %, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.3 %, виното, пивото за 0.2 %.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27.8 %, услугите за сместување за 4.6 %, медиумите за снимање за 4.4 %, другите печатени материјали за 2.5 %, течните горива за домаќинствата за 2.1 %, книгите за 1.7 %, терапевтските помагала и опремата за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, големите алатки и опрема, рестораните, кафулињата и слично.

Производите за лична хигиена поскапеле за 0.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.5 %, другите услуги поврзани со живеалиштето, неспоменати на друго место за 0.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, другите услуги за опремата за сопствен превоз, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, туристичките аранжмани за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.5 %, јајцата за 0.7 % и оризот за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај собирањето на отпадните води за 3.7 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.4 %, малите апарати за домаќинствата за 1.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, големите апарати за домаќинствата, моторните возила за 0.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фондот за пензиско нема доволно пари за исплата на пензии, „дупките“ ги покрива буџетот

Редакција

Од денеска се враќа евтината струја

Редакција

Пензиите за март ќе се зголемат за 8,4%

Редакција