Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија истакна дека доколку не се одредат црвените линии на земјава, за неколку децении ќе бидеме Курди на Балканот.
„Црвените линии според нас се унитарноста на Македонија, значи да не се разговара за некаква идна федерализција или кантонизација, секуларноста, тоа значи да се зауздаат верските заедници кои почнуваат да доминираат, следно е територијалниот интегритет да се гарантира, потоа идентитетот да се гарантира, значи име, јазик, култура и инсигниите, односно државното знаме, грб и химна.
Ова е НЗС, зад кој што секоја македонска партија мора да го стави својот потпис, бидејќи во спротивно ние за неколку децении од сега ќе немаме држава, односно ќе бидеме Курди на Балканот„, рече Апасиев.
Фото: Левица