Граѓаните кои се на одмор, а не се вакцинирани, сериозно да внимаваат на личната заштита и одржувањето на дистанца препорача директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во гостување на емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.
Таа очекува дека со завршувањето на годишните одмори можноста за проширување на инфекцијата е голема, бидејќи далеку е крајот на пандемијата.
Иако, како што истакна, потребата од прегледи на ковид-суспектни пациенти имаат се помалку или практично веќе и да ги нема, со завршување на годишните одмори и можноста за комуницирање и инфицирање ќе се зголеми.
„Сите тие луѓе ќе дојдат дома. Можноста да ја прошират инфекцијата е секако голема. Оттука и моето објаснување дека се уште мораме да бидеме внимателни во смисла на заштитата,“ рече д-р Стевановиќ.
Таа додаде дека вакцинацијата е главниот начин за што побрзо прекинување на ширење на инфекцијата и ставање крај на пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема одлука за рестриктивни мерки на границите, акцент се става на вакцинирањето, рече Филипче
Грција ги заострува мерките на границите: Бидете подготвени на се почести тестирања по случаен избор
Фото: МИА