Премиерот Зоран Заев изјави дека најверојатно се работи за незнаење за изјавата на лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов, кој македонскиот народ го нарече „северномакедонци“.
„Веднаш реагирам еве јавно, не е во ред до секој претседател на политичка партија да испраќаме реакции, но ако треба и тоа ќе го правиме. Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик од Република Северна Македонија.
Верувам дека се работи за незнаење, бидејќи се работи за две пријателски земји кои никој пат немале проблем и секој пат сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик.
Уште еднаш да искоментирам, кога некој на нарекува тоа што не сме, тогаш тоа повредува. Очекувам да се коригира, затоа што е претседател на политичка партија која освои гласови, а должност ни е да градиме пријателства и добри односи“, одговори Заев на денешната прес-конференција во Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: Влада