еМагазин
Image default
Свет

Ајфеловата кула се отвора за вакцинираните

Ајфеловата кула се отвора за посетителите од денеска по неколку месеци откако беше затворена, како дел од епидемиолошките ограничувања. Влезниците се распродадени на интернет.

Ајфеловата кула беше затворена кон крајот на минатата година поради пандемијата со Ковид-19.

Атракцијата во Париз исто така беше затворена за посетителите во текот на дел од пролетта 2020 година, кога вирусот почна да се шири во Европа. Посетителите на Ајфеловата кула мора да носат маски и да одржуваат социјална дистанца.

Од 21 јули стапуваат на сила нови ограничувачки мерки, така што посетителите ќе треба да покажат негативен тест, доказ за вакцинација или прележан Ковид-19. Ова правило во моментов не важи за малолетници.

Ајфеловата кула секоја година обично ја посетуваа околу 7 милиони луѓе. Минатата година беше забележан голем пад на бројот на посетители поради епидемиолошките ограничувања и помалку меѓународни туристи.

МИА/Фото: Photo by Chris Karidis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студија: Заразените со Ковид-19 без симптоми имаат 42% помали шанси да го пренесат вирусот

Редакција

(Видео) Три земји од Африка, Нигер, Мали и Буркина Фасо, формираа бебедносен сојуз

Редакција

Убава вест од Кина: Се укинаа драстичните ограничувања во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со коронавирусот

Редакција