еМагазин
Image default
Македонија

Немаме ништо против изборите да се одржат на 17 октомври, вели Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека СДСМ е согласен датумот на локалните избори да биде и 17 октомври, како што бара опозицијата, ако за тоа се договорат сите партии.

Предлогот, изборите да се одржат на 31 октомври, како што рече, го дал само поради поклопување на термините за кампањата со терминот за одржување на пописот на населението.

-За мене е многу важно што ќе каже опозицијата. Таа треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако се одржат на 17 октомври се поклопува кампањата со пописот, и тоа не е добро, треба да го истуркаме пописот до крајот на септември, по што може да почне кампањата.

Но, ако каже опозицијата 17-ти и сите други партии се согласат ние сме согласни. Следниот викенд е 24-ти и 31-ви, тие се опциите за октомври, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој вели дека на барање на опозицијата се случило и одложување на изборите од септември за втора половина на октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ бара локалните избори да се одржат на 17 октомври

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи објасни како ќе изгледаат уставните измени за внесување на Бугарите

Редакција

Изминатото деноноќие регистрирани 423 прекршоци за неносење маска

Редакција

Дел од украдената марихуана од Јосифово завршила во Косово, откри Заев

Редакција