еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Трајковски ги објаснува симптомите на делта варијантата: „Луѓето не се сигурни дали е коронавирусот или грип“

Доктор Горан Трајковски, кој живее и работи во Германија и кој доста често за актуелни здравствени состојби зборува на неговиот Инстаграм-профил, кој е доста популарен, говори за симптомите кај делта варијантата на Ковид-19, кои се поразлични од алфа и британската варијанта.

„Симптомите се помалку специфични, течење на нос, болење на грло како кај обичен грип, па луѓето не се сигурни дали е корона, бидјеќи ја нема онаа загуба на мирис и вкус. Затоа се шетаат на отворено и го пренесуваат вирусот.

Ова може да се должи на тоа што сега постарата популација е вакцинирана, и се заразуваат се повеќе и повеќе помладите, кои развиваат малку поразлични симптоми.

Делта варијантата не менува многу на моменталната ситуација, единствено оружје кое го имаме против вирусот е вакцината. Што е можно повеќе луѓе двапати да се вакцинираат и со тоа имаме над 90 отсто заштита од хоспитализација, што е главна цел.

Не е страшно да не боли грло и да кашламе, но се плашиме од преплавување на болничкиот систем,“ вели Трајковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф.Трајковски: „Со вакцините, ризикот од смрт од Ковид-19 се намалува за цели 18 пати“

Фото: Инстаграм/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Водовод и канализација склучи договор со „Енерџи активе„ вреден 7,2 милиони евра

Редакција

Студија во која биле опфатени 600.000 лица покажува дека невакцинираните имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од Ковид-19

Редакција

7 лица биле на возраст од 30-49 години: За една недела 206 смртни случаи од Ковид-19

Редакција