еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи, велат од Влада

Владата со исклучително внимание ги разгледува сите наоди и аспекти од извештајот на Стејт департментот на САД, после што забелешките ќе бидат адресирани до засегнатите чинители со цел уште повеќе да ги зајакнеме антикорупциските политики и да ја подобриме инвестициската клима во земјава, информираат од таму.

„Владата е одлучна и сериозно посветена на решавање на наталожените и децениски проблеми, а справувањето со високата корупција и организиран криминал е на врвот на приоритетните национални реформи кои веќе испорачуваат резултати.

Прочистувањето на правосудството, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки се неповратни процеси кои претставуваат препрека и закана за секој поранешен, актуелен и иден функционер кога е во прашање корупцијата.

Дека ваквите процеси даваат веќе видливи резултати говорат и расчистените судски процеси низ кои повеќе високи политичари се осудени за сериозни кривични дела, а десетици се во напредни судски постапки и се очекува конечен исход од страна на судовите.

Правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот несомнено постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор,“ се вели во соопштението од Влада.

Во него се додава дека меѓународните и домашните извештаи со сите нотирани податоци, се дополнителен мотив за Владата да продолжи со континуираната и неселективна борба против корупцијата, за обезбедување систем во кој институциите се во служба исклучиво на граѓаните.

Со сите преземени мерки и предвидени иницијативи, Владата упатува „сериозна порака до сите носители на јавни функции, државни службеници и граѓани дека учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на Стејт департмент: Корупцијата во Македонија постојан проблем за водење бизнис, има и функционери вклучени во коруптивни активности

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Кои акции го „билдаат“ прометот на Македонската берза?

Редакција

Кривична за фабрика за канабис од кумановско

Редакција

Поради отсуство на Османи, одложено судењето против него за навреда и клевета

Редакција