еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 416.614 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 528.117 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.993 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.179 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 944.731 дози вакцини, а ревакцинирани се 416.614 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Според Министерството, 65 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 процента над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 58 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 47 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме, како што наведува, да го победиме вирусот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Стартува кампања за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе

Редакција

Катица Јанева си поднесе неотповиклива оставка

Редакција

Не се знае кој пукаше во градоначалникот на Арачиново, објавени фотографии од повредените

Редакција