еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петто приведено лице за предизвикување пожар: Жител на Добридол се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото

Министерството за внатрешни работи синоќа соопшти дека е приведен 34-годишен жител на гостиварското село Добридол, кој се сомничи дека го предизвикал пожарот во селото.

– На 05.08.2021 во 19.05 часот, во врска со пожарот во с.Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(34) од истото село.

Поради постоење  основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, се наведува во соопштението.

Ова е петто приведено лице осомничено за предизвикување пожар во последните неколку дена.

Во текот на вчерашниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, завчера за пожар во ресенско, а на 4 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над с.Пожаране, Општина Врапчиште.

Во меѓувреме, полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви казни предвидува Кривичен законик за подметнување пожари

Приведено лице од радовишко, осомничено за подметнување пожар

Приведен прилепчанец осомничен за подметнување пожар во Дабница

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството отвори предмет по допрен глас за „спорните“ вакцини

Редакција

(Галерија) Почна Пиволенд

Редакција

Скопјани пријавија 349 осигурани штети од силното невреме: Имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

Редакција