еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Запалени три куќи кај селото Побожје, уште гори во кумановскиот и прилепскиот регион

Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола, а се уште гори во Чучер Сандево во Скопје, поточно во селото Побожје, каде што се запалени три куќи. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион. Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка.

Како што информира помошник раководителка на секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи (ЦУК), Марија Милкова, согласно состојбата со пожарите до 16 часот, пожарот во пехчевско беровскиот регион е ставен под контрола.

На терен се екипи припадници на АРМ, ТПЕ, ДЗС и други субјекти, но и месното население кои се на лице место, за да не дојде до негово повторно разгорување и ќе останат и во текот на ноќта.

Таа додаде дека кракот од истиот пожар во селото Разловци во делчевскот регон е ставен целосно под контрола. Меѓутоа и на ова место уште се присутни екипите на ТПЕ, месно население и на Армијата, кои исто така ќе останат и ќе ја следат состојбата се до утрешниот ден.

Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е се уште активен и во текот на денешниот ден, во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство.

Во 14.45 минути истиот пожар е проширен кон сртот на ловиштето Јасен.

Милкова посочи дека на терен се припадници на Армијата, ДЗС, противпожарни бригади, месно население од Сарај и во моментов се уште се на терен и се борат со пламените јазици, за да го локализираат овој прожар до крајот на денот.

Активни пожари има во Чучер Сандево во Скопје кај селото Побожје, каде се запалени три куќи. На лице место е ППБ на град Скопје.

Милкова информира дека за кратко време ќе дознаат каква е состојбата и од што е предизвикан за изгорување на овие три куќи.

Активен е пожарот во Петровец село Дивље м.в. Крушје, но со намален интензитет. И таму се уште на терен се претставници од АРМ, ППБ  од Град Скоопје, ШС Караџица и месно население.

Пожарот во Прилеп, Топлица е активен кон селото Крстец. На терен се претставниците од ШС Црн бор од Прилеп и претставници на ДЗС.

Активен е пожарот и во Агино село, кој избувна околу 12.30 часот. Како што информира Милкова, таму гореше сува трева и стрништето. На терен се преставници од Противпожарната бригада од Куамново, претставници од бригадата на Град Скопје, месното население.

Од 15 часот повторно е активен и пожарот кај Македонски Брод, кај селото Слатина. На терен се претставници од ТППЕ Македонски Брод, од МВР, месно население. Патниот правец Македонски Брод кон Самоков во моментов е во прекин.

Пожар со помал интензитет има и во прилепскиот регион кај селото Средорек, меѓутоа како што рече Милкова, тој се држи под контрола и се надеваат дека за кратко време истиот ќе биде локализиран.

МИА/Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство прибира снимки од граничните премини, од пред зградата на Груевски и собира податоци за неговите сметки

Редакција

Убава вест: Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирусот

Редакција

ЈП „Стрежево“ Битола го демантира МВР за местењето на тендер за набавка на ратрак

Редакција