еМагазин
Македонија

Вкупно ревакцинирани 499.934 граѓани, интересот за вакцинација продолжува

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, соопштија денеска од Министерството за здравство (МЗ), заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани.

– Со последните бројки 70 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, се наведува во соопштението од МЗ.

Како што стои во соопштението, граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација, се подвлекува, се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Од МЗ посочуваат дека децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

– Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, стои во соопштението од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера аплицирани 11.695 вакцини, ревакцинирани се вкупно 267.106 граѓани

Редакција

Фон дер Лајен твитна на македонски за договорот со Фронтекс, па и се „нафрлија“ Грци и Бугари

Редакција

Мицотакис од Солун: Не поддржуваме договор што отстапува македонски јазик и македонска националност

Редакција