еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поевтинуваат до денар и половина

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,58 проценти, информираат од Регулаторна комисија за енергетика и водени ресурси.

Малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар за литар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 70,50 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 61 денар за литар.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“, се намалува за еден денар и половина денар, и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 72 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот се намалува за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена на дизелот изнесува 61,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каде да се информирате за летовите на „Адриа ервејс“ која привремено ги откажа сите летови од и до Скопје

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните спа хотели во Македонија

Редакција

Саша Лекиќ купи акции од „Макпетрол“

Редакција