Макстил АД Скопје веќе втор месец дава бонус од 3.000 денари на плата на вработените кои ќе се вакцинираат.
Од компанијата за Локално велат дека бонусот ги натерал вработените побрзо да се решат да примат вакцина.
„Нашата цел беше да се наградат вработените кои се грижат за себе, за колегите, за здравјето на своето семејство, за компанијата, но и да биде мотив плус за оние што се двоумат“, изјави за Локално, генералниот директор Иван Бановски.
Реакциите, како што вели, биле позитивни, особено од оние кои немаат сомнеж во потребата од имунизација, но нагласува дека чекорот не треба да се разбере како притисок врз сите кои размислуваат поинаку, туку само како начин за дополнителен поттик.
Од почетокот на процесот на имунизација досега, вакцинирани се околу 40% од вработените во компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макстил ја зголеми добивката и приходите