На осудениот за случајот „Рекет“, Зоран Милески му е одобрен 30-дневен прекин на издржувањето на казната затвор, поради влошена здравствена состојба, за која тој доставил и специјалистички извештаи од лекарски прегледи, во кои е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес. Милески треба до 09.09.2021 година да се врати во КПД Струга, информираат од Управа за извршување на санкции (УИС).
На осудениот Зоран Милески, како што информираат од УИС, со решение од 10.08.2021 година му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл. 225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите.
Казната затвор, која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната.
– Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид.
Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, дспинеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед.
Пациентот е поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција, информираат од УИС.
Дијагнозата, се вели во соопштението, за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „суправентрикуларна тахикардија“ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија.
– Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, се вели во соопштението од Управа за извршување на санкции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кичеец бил излезен од затворот со медицинска документација, тврдат Заев и Маричиќ
Зоран Милески – Кичеец бил пуштен од затвор поради “неодложни лекарски прегледи“
Зоран Милески – Кичеец меѓу повредените во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево
Фото: МИА