Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи тридневна жалост во градот, од 9 до 11 септември. Советниците им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во пожарот што вчера избувна во тетовската модуларна болница.
-Изразувам најдлабоко сочувство до сите семејства имајќи во предвид дека во оваа трагедија сите изгубивме браќа, сестри, комшии, сограѓани. Така што, како што сте веќе информирани, се одржа седница на Советот.
Објавени се три дена жалост и исто така кога ќе добиеме официјални информации од надлежните институции ќе информираме. По состанокот кој беше одржан со присуство на сите институции синоќа се договоривме сите информации да бидат точни и проверени.
Јас сум во постојан контакт со сите институции кои треба да ја завршат својата работа. Во секој момент кога ќе добијам потврдени и официјални информации истите ќе ги споделам со вас, изјави градоначалничката Теута Арифи.
За луѓето кои се преживеани во пожарот Арифи рече дека се во добра состојба, но, нема бројка за колку лица станува збор.
-Во мометов тие се во стабилна состојба. Во меѓувреме ќе одржам повторно состанок на кој дополнително ќе бидеме информирани, рече таа.
На новинарско прашање дали било се во ред при технички прием на модуларната болница и дали пожарот се поврзува со обидот за сечење на цевки за кислород, градоначалничката немаше информации.
Значи, тоа е едно прашање кое има своја логика, но во оваа фаза не треба да се шпекулира. Имајќи ја предвид тежината на ситуацијата сите ние треба да се пазиме од информации кои би ја отежнале состојбата.
Институциите целосно длабински треба да го разрешат случајот и нормално да ги најдат причини зошто е дојдено до ова, изјави Арифи.
Таа рече многу луѓе се јавиле да понудат помош и изрази благодарност до сите пријатели за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица
Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот
МИА