еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

18-годишната гевгеличанка која почина од Ковид-19 била бремена и имала претходни заболувања

Меѓу починатите од Ковид-19 вчера имаше и 18-годишна девојка од Гевгелија.

Телевизијата 24 објави дека таа била бремена седми месец, имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром „ellis van creveld“.

„Сите од нејзиното семејство беа позитивни на Ковид-19, но таа кај нас беше примена со тешка клиничка слика. Со оглед дека имаше коморбидитети, односно тешко срцево заболување и редок генетски синдром, а заради наглото паѓање на сатурацијата одлучивме да ја препратиме на клиниките во Скопје, каде по неколку дена лекување починала“, вели за телевизијата директоот на Гевгелиската болница, Димитар Крџев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-годишно лице од Гевгелија почина од Ковид-19, во изминатото деноноќие 31 починат

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Летото – сезона на дивиденди!

Редакција

Мицкоски објави фото: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва, итно да биде приведен од Спасовски и МВР!

Редакција

Агент за недвижности за еден стан земал капар од повеќе купувачи: Парите ги нема

Редакција