Досегашниот технички премиер, Стефан Јанев, останува на позицијата премиер и на новата преодна Влада на Бугарија.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска ја претстави новата техничка влада, а во неа останува и министерот за надворешни работи, Светлан Стоев, министерот за внатрешни работи, Бојко Рашков и министерот за одбрана, Георги Панајотов.
Нов министер за економија е Даниела Везиева, за финансии Валери Белчев, а за транспорт Георги Тодоров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 14 ноември и претседателски и предвремени парламентарни избори во Бугарија
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.